Истрага за убиствата на лица обвинети од ИРА дека се информатори на Британците

Од:

Северноирскиот омбудсман покрена формална истрага по тврдењата во јавноста дека британските безедносни сили не спречиле убиства што ги извршиле припадници на ИРА.

Станува збор за убиствата извршени во текот на 80-те и 90-те години на 20-от век, во времето кога милитантната група Ирска републиканска армија (ИРА) тврдеше дека ги ликвидира информаторите кои им помагаат со информации на Британците и на нивните сили за безбедност.

Претставници на семејствата на жртвите тврдат дека тие се убивани, а безбедносните сили не реагирале на време, иако можеле, само за да се заштити идентитетот на агентите на безбедносните сили уфрлени во редовите на ИРА.

Според лондонски „Гардијан“, истрагата се однесува на убиствата на околу 20 луѓе.

Ова е првпат, омбудсманот во Белфаст да покрене истрага за повеќе убиства одеднаш, а не како досега да се истражуваат одделни случаи на барање на семејства на убиените. Од овие даесетина случаи, за 11 убиства ИРА тврдеше дека се извршени врз „предавници“ на ирската кауза и на соработници на Британците.

Повеќе од 30 години траеја судирите и непријателствата во Северна Ирска меѓу католиците-републиканци и протестантите-унионисти, околу тоа каква да биде иднината на оваа британска покраина во североисточниот дел на ирскиот остров.

Владата во Лондон испрати британски војници да воспостават ред во покраината, но за северноирските католици армијата и безбедносните сили беа дел од „окупаторскиот поредок“ и беа обвинувани дека се таму само за да ги заштитуваат унионистите.

Припадниците на ИРА дејствува во покраината борејќи се за отцепувањето на Северна Ирска и за нејзиното приклучување кон независната ирска држава, извршувајќи напади врз „окупаторите“ и ликвидации на „информаторите предавници“’, како и терористички напади, прво само во покраината, а подоцна и на тлото на Велика Британија.

Повеќе илјади луѓе беа убиени во текот на непријателствата, а десетина илјади беа повредени. Неколкудецениските непријателства завршија со мировната спогодба од Стормонт, потпишана во април 1998 година на Велики петок.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден