Истрага за измами при изборот на Еврејскиот парламент во Берлин

Од:

 Германското Јавно обвинителство отвори истрага по наводите за фалсификување на резултатите од изборите за членови на Еврејскиот парламент главниот град на Германија во 2011 година, јави дописникот на МИА од Берлин.

Портпаролот на Јавното обвинителство, Мартин Штелтнер вели дека се истражува фалсификување на документи поврзани со изборите од пред 5 години.

Противици на сегашното раководство на Еврејскиот парламент во Берлин предходно обвинија за изборни измами, што беше демантирано од портпаролот на претседателот на Еврејската заедница Гидеон Јофе.
Централниот совет на Евреите во Германија на почетокот на септември побара од Еврејскиот парламент во Берлин да ги суспендира своите функции до расчистување на обвинувањата.

Би можело да ве интересира

Светската сила на работ на банкрот, лоши прогнози за животниот стандард во Германија

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија