Истрага: Малезискиот авион над Украина бил урнат со руска ракета

Од:

Меѓунардониот истражен тим за уривањето на малезискиот патнички авион во источна Украина во јули 2014 години, денеска соопшти дека утврдил оти леталото било погодено со руска ракета.

– По внимателна анализа на видео снимките утврдено е дека ракетата „Бук“ со која беше урнат авионот на „Малезија Ерлајнс“ на летот МХ17 и припаѓала на руска воена единица стационирана во Русија, изјави претставникот на холандската полиција Вилберт Паулисен.

Според него, ракетата била дел од вооружувањето на руската 53-та Противвоздушна ракетна бригада стационирана во близина на градот Курск.

На денешната презентација на прелиминарниот извештај на истражниот тим беше емитуван и филм, на кој според истражителите, е прикажан патот на ракетата од Курск до источна Украина.

Холандскиот обвинител Фред Вестербеке од своја страна изјави дека иако има суштински напредок во истрагата, се уште не може со сигурност да се каже кој и зошто го урнал авионот.

– Во врска со случајот се осомничени неколку десетици лица, додаде Вестербеке,

Авионот на „Малезија Ерлајнс“ на реалција од Амстердам до Куала Лумпур беше соборен со ракета над источна Украина на 17 јули 2014 година, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот на леталото.

За уривањето на авионот меѓусебно се обвинуваат укранската армија и проруските сепаратисти од источна Украина.

Би можело да ве интересира

Стармер: Разговорите за Украина не можат да се водат без Украина

А1он

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина