Историско зголемување на невработеноста во Франција

Од:

Невработеноста кај лицата од категоријата А (без активност) во текот на месец март забележа историски пораст од седум отсто за еден месец, бројот на невработените се зголемува и за целото прво тримесечје од 2020, за прв пат во изминатава година и пол, јави дописникот на МИА.

Првите ефекти од кризата со коронавирусот се почувствуваа силно врз бројот на невработените. За првото тримесечје од годината, бројот на невработените од категоријата А (без активост) се зголеми за 0,7 отсто, достигнувајќи 3 576 400 невработени, според бројките на Центарот за вработување.

Во сите категории на невработени, невработеноста останува стабилна со намалување од 2,9 отсто за една година, на 5 744 100 невработени.

Оваа бројка го крие силниот пораст на невработеноста во март. Така во текот на овој месец, невработените од категоријата А, забележува силен пораст, кој не е забележан од 1996 со повеќе од 246 100 нови невработени, односно + 7,1 отсто. Од министерството за труд оваа бројка се објаснува со замрзнувањето на новите вработувања, отколку со бран на масовни отпуштања од работа.

Министерството за труд најави дека парцијалната невработеност, која се должи на мерките на ограничување поради коронавирусот ја користат над 10 милиони вработени, односно скоро половината од приватниот сектор.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток