Историски настани за 2014-та

Од:

Historyorb.com

2 јануари – 30 луѓе загинаа откако автобус падна во 130 метри длабока провалија во Малшеј гат, Индија

2 јануари – Раул Кастро одржа говор во спомен на 55 годишнината од Кубанската револуција и преупреди дека „неолиберализмот и неолибералното размислување“ влегуваат во земјата

6 јануари – Стапи во сила мир помеѓу Слободната сиријска армија и силите лојални на претседателот Башар ал Асад во северен Дамаск

7 јануари – Шеик Хасина победи на општите избори во Бангладеш

12 јануари – Се одржаа 71-ите награди Златен глобус; победија 12 години роб и Американска измама

13 јануари – Кристијано Роналдо е добитник на Златната топка за 2013 на Фифа

20 јануари – Хакирани се кредитните картички на најмалку 20 милиони јужнокорејци

22 јануари – Забележана е водена пареа на планетата-џуџе Церес

29 јануари – Научниците открија како да ги конвертираат нормалните ќелии во стем ќелии кај глувците

29 јануари – Бохуслав Слоботка стана премиер на Чешката република.

30 јануари – 24 заложници беа убиени откако шест бомбаши самоубијци привремено го заземаа ирачкото министерство за транспорт во Багдад

1 февруари – Бројот на жртви во сириската граѓанска војна достигна 130,000, а четири милиои луѓе се раселени

2 февруари – Протестите во Украина се претворија во насилни откако парламентот го донесе законот со кои се забранува протестот

3 февруари – Двајца ученици загинаа во пукање во училиште во Москва.

4 февруари – Во Шкотска е легализирани истополови бракови

6 февруари – Џеј Лено заврши со водењето на шоуто Тунајт

6 февруари – Талибанците и пакистанската влада започнаа мировни преговори

8 февруари – Оле Еинар Бјорндален го изедначи рекордот на 12 освоени медали на Зимските олимпијади

9 февруари – Научниците на австралискот Национален универзитет ја открија најстарата позната ѕвезда, стара 13,6 милијарди години

9 февруари – Протести избија во Сараево и во други градови во Босна и Херцеговина; стапката на невработеност останува 40 проценти (57 проценти помеѓу младите)

11 Февруари – 77 луѓе загинаа при паѓањето на воен транспортен авион во Алжир

14 февруари – Италијанскиот премиер Енрико Лета си даде оставка по помалку од една годиа на оваа позиција

15 февруари – Тамам Салам е избран за премиер на Либан по 10 месеци политичка закоченост во земјата

16 февруари – Се одржаа 67-мите Британски филмски награди; победија 12 години роб, Чиветел Ејиофор и Кејт Бланшет

18 февруари – Започна Украинската револуција

19 Февруари – Бројот на загинати во Украина се искачи на 26, по разбивањето на протестите од страна на владата

21 февруари – Американскиот претседател Барак Обама се сретна со Далај Лама

21 февруари – Полицијата во Киев пукаше врз демонстрантите: 27 загинаа, а околу 570 беа повредени

22 февруари – Матео Ренци стана премиер на Италија

25 февруари – 50 студенти загинаа откако Боко Харам нападна колеџ во Буни, Нигерија

27 февруари – Република Крим најави референдум и ја укина регионалната влада

27 февруари – 29 луѓе загинаа, а 130 беа повредени од група терористи кои со ножеви напаѓаа луѓе на железничката станица Кунминг во Кина

1 март – Американскиот претседател го предупреди рускиот претседател Путин во врска со вмешувањето во Украина

2 март – 86-ите награди Оскар на Филмската академија; победници се 12 години роб, Метју Меконахи и Кејт Бланшет

8 март – Летото МХ 370 на Малезијан ерлајнс со 239 луѓе, се изгуби од контакт и исчезна, по што започна најскапата претрага во историјата

12 март – Осум луѓе загинаа , 70 се повредени, а две згради се срамнети со земја од експлозија на гас во источен Харлем, Њујорк

16 март – Гласачите на Крим со големо мнзинство изгласаа да ја напуштат Украина и да и се приклучат на Русија, и покрај меѓународната осуда на ова речение

17 март – Прогласена е Република Крим

18 март – САД ја затворија амбасадата на Сирија во Вашингтон, и ги протера сите сиријски дипломати

21 март – Русија формално го анектраше Крим и покрај меѓународната осуда

22 март – 22 луѓе загинаа од лизгање на земјиште во Осо, Вашингтон

22 март – Гвинеја ја потврди епидемијата од ебола која веќе уби 59 луѓе

24 март – Украина ги повлече своите сили од Крим

26 март – Таави Роивас стана премиер на Естонија

28 март – Русија ја зголеми цената на гасот за Украина за 80 проценти

29 март – Андреј Киска е избран за претседател на Словачка.

1 април – Нато ја суспендира сета практична цивилна и воена соработка со Русија

3 април – Марие Луиз Колеиро Преца е избрана за претседател на Малта

6 април – Виктор Орбан Фидес е повторно избран за премиер на Унгарија

10 април – 88 цивили загинаа од буриња-бомби исфрелни од сиријски воени авиони во Алепо, Сирија

10 април – Советот на Европа го суспендираше правото на глас на Русија

16 април – Јужнокорејскиот фериброд Сивол потона на релацијата од Инчеон кон Џеџу, 304 лица се удавија, повеќето беа средношколци. Изби национална контроверза околу напорите за спасување и дејствијата на екипажот и сопственикот на ферибродот

17 април – Абделазиз Бутефлика е избран по четврти пат за претседател на Алжир

23 апшрил – 60 луѓе загинаа, а 80 беа повредени по судар на воз во Демократска република Конго.

10 мај – Кончита Вуртс победи на Евросонг со „Издигни се како Феникс“.

13 мај – 238 рудари загинаа во подземна експлозија и пожар во рудник во Сома, Турција

22 мај – Кралското воздухопловство на Тајланд изведе преврат против привремената влада

23 мај – Вето на Русија и Кина во Советот за безбедност на ОН по повод резолуцијата да се воспостави Меѓународен суд за воени злосторства за Сирија

25 мај – Петро Порошенко е избран за претседател на Украина

25 мај – Далија Грибаускаите е повторно избрана за претседател на Литванија

28 мај – Нарендра Моди стана претседател на Индија

26 мај – Светската здравствена организација потврди дека еболата стигнала во Сиера Леоне

28 мај – Абдел Фатах ел Сиси е избран за претседател на Египет

31 мај – Видеото „Гангнам стајл“ на Пси е првото музичко видео на јутјуб кое го виделе две милијарди луѓе

14 јуни – 49 луѓе загинаа откако украински воен авион Иљушин 76 беше погоден

14 јуни – Александар Стаб стана премиер на Финска

15 јуни – Хуан Мануел Сантос повторно е избран за претседател на Колумбија

23 јуни – Сликата „Водени лилјани“ на Клод Моне е продадена на аукција за 54 милиони долари

30 јуни – Пронајдени се телата на тројца израелски тинејџери кои беа киднапирани на Западниот брег на почетокот на месецот

1 јули – Актерката Џенифер Лов Хјуит се приклучи во серијата „Криминални умови“ на Си-Би-Си

1 јули – Мартин Шулц беше реизбран за претседател на Европскиот парламент

2 јули – Поранешниот француски претседател Николас Саркози од француските обвинители е обвинет за криминал и корупција.

7 јули – Израел започна контратерористичка операција со назив „Операција заштитен раб“, против Хамас на Западниот брег

9 јули – Јоко Видодо е избран за претседател на Индонезија

9 јули – Тајфунот Рамасун уби 151 души

13 јули – Германија ја победи Аргентина со 1-0 во продолжението на финалниот натпревар на Светскиот фудбалски куп на Фифа во Бразил

14 јули – Англиканската црква гласаше во корист да им се дозволи на жените да станат бискупи

14 јули – По седум дена, Израел ја погоди Газа 1320 пати, додека од Газа беа истрелани 940 ракети кон Израел

15 јули – 20 луѓе загинаа, а 100 беа повредени по излетувањето на воз од шини во Москва

16 јули – Башар Асад се заколна по трет пат како претседател на Сирија

17 јули – Авион на летот МХ17 на Малезија ерлајнс се урна (се претпоставува дека бил погоден или од проруските сепаратисти или од украинска милиција) и загинаа сите 283 патници и 15 членови на екипажот

23 јули – 44 луѓе загинаа откако авион на летот 222 на Трансејжан ерлајнс удри во зграда во Тајван

24 јули – 116 луѓе загинаа по урнувањето на авион на летот 5017 на Ер Алжери во Мали

24 јули – Фуад Масум е избран за претсеедател на Ирак

24 јули – Риувен Ривлин даде заклетва како претседател на Израел

25 јули – Во израелски воздушен напад беше убиен лидерот на исламистичкото џихадистичко воено крило Салах Абу Хасанеин

25 јули – И Израел и Хамас го добија предлогот на американскиот државен секретар Џон Кери, за итен прекин на огнот и за средба во Каиро

27 јули – Либерија ја затвори скоро сета своја граница од страв да не се прошири епидемијата на ебола

29 јули – 100 жители на Газа загинаа во една ноќ во нападите од Израел

3- јули – Бројот на загинати во Газа достигна 1,346, додека беа убиени 56 изралески војници и тројца цивили.

12 вагуст – Светската здравствена организација го даде својот „претпазлив благослов“ за користење на експерименталниот лек за третирање на вирусот на ебола

29 август – Сенегал е петтата држава погодена од ебола

11 септеври – Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус е прогласен дека не е виновен за убиството на неговата девојка Рива Стинкамп (но подоцна беше прогласен за ненамерно убиство)

13 септември – 40 верници загинаа откако се урна синагогата На сите нации Т.Б.Џошуа во Нигерија

14 септември – САД ја победија Србија со 129-92 и го освоија Светскиот куп 2014 во кошарка на Фиба

15 септември – Ева Копач стана премиер на Полска

18 септември – Шкотска гласаше „не“ на референдумот на кој требаше да се одлучи дали да остане во Обединетото Кралство

22 септември – Капсулата Мавен на Наса успешно стигна во орбитата на Марс

26 септември – Светската здравствена организација процени дека бројот на починати од ебола достигнал 3,091 – најтешко се погодени Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.

27 септември – 57 луѓе загинаа откако еруптирапе вулканот Маунт Онтаке во Јапонија

29 септември – Ашраф Гани стана претседател на Авганистан

30 септември – Случај на вирусот ебола стигна до Далас, Тексас

1 октомври – 41 деца загинаа од бомбаш самоубиец во училиштето Акрамех ал Макзуми во Хомс, Сирија

2 октомври – 15 луѓе загинаа откако експлодираше фабрика за барут во Горни лом во Бугарија

7 октомври – Исаму Акасаки, Хироши Амано и Шуџи Накамура ја добија Нобеловата награда за физика за 2014, за откривањето на светилките (диодите) кои емитуваат сина светлина

7 октомври – Шпанска медицинска сестра кај која беше дијагностицирана ебола, е првиот случај надвор од западна Африка

8 октомври – Ерик Бециг, Стефан Хел и Вилијам Морнер ја добја Нобеловата награда за хемија за развој на суперзголемувачката флуоресцентна микроскопија

9 октомври – Патрик Модиано ја доби Нобеловата награда за литература за 2014

12 октомври – Ево Моралес е резбран за претседател на Боливија

14 октомври – СЗО најави дека бројот на починати од ебола достигнала 4,447, а стапката на смртност достигнала 70 проценти

16 октомври – Нов Зеланд, Малезија, Ангола, Шпанија и Венецуела се избрани за привремени членки во Советот за безбедност на ОН

20 октомври – Јоко Видодо стана претседател на Индонезија

21 октомври – Оскар Писториус е осуден на пет годни робија заради убиството на неговата девојка Рива Стинкамп

26 октомври – Дилма Русеф е резибрана за претседател на Бразил

2 ноември – 60 луѓе загинаа, а 11 беа повредени од бомбаш самоубиец во Лахоре, Пакистан

3 ноември – Генералниот секретар на Он, Бан Ки Мун, повика на глобална акција во врска со климатските промени по предупредувањето од научниците

3 ноември – Официјално беше отворен Светскиот трговски центар Уан, 13 години по нападите од 11 септември

4 ноември – САД гласаа на средносеместралните избори: републиканците го задржаа Конгресот и го освоија Сенатот

8 ноември – Американскиот претседател Барак Обама овласти распоредување на 1,500 дополнителни војници како помош и советници на ирачките и курдските сили кои се борат против милицииите на Исламска држава.

9 ноември – САД ги предводат воздуните напади во северноирачкиот град Мосул против Исламска држава

9 ноември – Одржана е прослава во Германија со која се одбележа 25-годипнината од падот на Берлинскиот ѕид; бели балони го симболизираа неговото исчезнување

9 ноември – Врвни африкански бизниси лидери основаа итен фонд за да им се помогне на државите кои беа погодени со епидемијата од ебола

11 ноември – Лидерите на Кина и Јапонија се сретнаа на формални разговори по повеќе од две години жестоки тензии околу територијалниот спор

11 ноември – Граѓаните на Каталонија во североисточна Шпанија гласаа на забранети и необврзувачки избори за независноста на покраината

11 ноември – 58 луѓе загинаа во автобуска несреќа во областа Сукур, во Пакистан

15 ноември – Светските лидери се собраа во Бризбејн на самитот Г20, кој се фокусираше на економскиот раст

15 ноември – Родителите на 43 мексикански стуенти кои исчезнаа,започнаа национална турнеја со автобус како протест за тоа како владата го води разрешувањето на случајот

16 ноември – Клаус Јханис победи на претседателските избори во Романија

17 ноември – Ангиканската црква прифати легислатива со која се овозможува именувањ на жени бискупи

20 ноември – Скоро пет милиони легални емигранти во САД ќе бидат под закана од депортација, откак претседателот Барак Обама најави големи промени за емиграцијата.

23 ноември – Бомбаш самоубиец уби 40 луѓе на одбојкарски турнир во Авганстан

23 ноември – Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени го погоди централен Јапонија.

23 ноември – Републикацнте го осудуваат користењето на извршната моќ на претседателот Барак Обама насила да ги изведе реформите за емиграција

23 ноември – Масовни протести во Мексико од роднците на 43-те исчезнати студенти за кои власите велат дека биле убени од нарко-банди

23 ноември – Луис Хамилтон ја освои титулата шампион во Формила 1 за 2014

24 ноември – 12-годишно дете беше убиено на игралиште од полицаец во Кливленд, по заканата за која излезе дека е пиштол играчка

25 ноември – Избија протести низ цел САД по одлуката на Големата порота во Мисури да не поднесе обвинение за бел полицаец кој уби црн тинејџер

25 ноември – Лионел Меси стана најдориот голгетер на сите времиња во Лигата на шампиони на Уефа

2 декември – Комичарот Бил Козби сидаде оставка од управниот одбор на американски универзитет по обвинувањата за извршени сексуални напади

2 декември – Светската програма за храна ја аж критичната помош во храна за повеќе од 1,7 милиони сиријски бегалци во Јордан, Либан, Турција, Ирак, Египет заради недостиг од средства.

3 декември – Дарен Вилсон, полицаецот кој го уби невооруженот тинејџер Мајкл Браун во Фергусон, Мисури, си даде оставка

3 декември – Протеси избија во градови низ САД откако големата порота одлучи да не го обвини њујоршкиот полицаец кој го уби Ерик Гарнер давеји го со раце.

4 декември – ОН предупредија дека светот е на патот на најтоплата година уште од кога почна мерењето

4 декември – Украина и проруските бунтовници се согласија да го сопрат огнот во источната воена зона, кој започна на 9 декември

7 декември – Тајфунот Хагупит ги погоди централни Филипини; милиони луѓе избегаа во засолништа

9 декември – Објавен е извештајот за туртурите на Циа во кои има детали за употребата на тортура врз затворениците помеѓу 2001 и 2006

11 декември – Директорот на Циа, Џон Бренан, ги брани методите за испрашување кои биле користени по 11 септември, но призна дека некои методи биле „непотребни“

12 декември – Во Перу продолжуваат разговорите на ОН за климатските промени дури и при одминат рок, а преговорите се сеуте закочени

12 декември – Уапсени се над 200 продемократски активисти во Хонг Конг

13 декември – Британската влада најави дека ќе испрати стотици војници во Ирак за да ги обучуваат ирачките и курдски сили кои се во конфликт со Исламска држава

15 декември – Три лица загинаа и четири се повредени во заложничка драма во Сиднеј.

16 декември – 141 лице загинаа во напад на талибанци на училиште за деца на војници во северозападниот град Пешевар.

17 декември – Куба и САД разменија затвореници – разузнавачи, а Барак Обама и Раул Кастро најавија ново поглавје во меѓусебните односи.

20 декември – „Исламска држава“ егзекутира сто странски борци кои сакале да заминат од Сирија.

22 декември – Бежи Каид Есебиси избран за претседател на Тунис.

24 декември – Шинѕо Абе реизбран за премиер на Јапонија.

24 декември – Историски договор со кој се уредува глобалната трговија со оружје, стапи во сила.

25 декември – Студот однесе 92 животи во северна Индија.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он