Историска правда: Курдска држава веднаш

Од:

Границите на повеќето арапски држави на источното Средоземноморие се исцртани во периодот по Првата светска војна, на остатоците од Османлиското царство. Границите се поставени на основа на британските и француските интереси, и на врските на тие две држави кои ги создале со локални етнички групи.

На две немуслимански групи им било доделена независност: за евреите гарантирала Британија – во форма на Декларацијата Балфур – која требало да помогне во воспоставувањето на нивен Национален дом, а Франција на христијаните им го доделиле северот од Израел во државата Либан, одвоено од Сирија. Ционистичкото движење било активно и влијателно во политичките коридори во Британија, додека кај Французите постоела емпатија заради стравот либанските христијани да станат малцинство во земја со муслиманско мнозинство.

Една етничка група, Курдите, останале без држава и наместо тоа биле поделени помеѓу четири држави: Ирак, Сирија, Турција и Иран. Главната причина за ова било тоа што Курдите немале своја организација која ќе ги претставува на европска сцена, и ниту една држава која ќе ги застапува. Курдите биле навистина големо жртвено јагне во Договорот Сајкс-Пико од 1916 година. Во секоја од државите каде биле поделени, тие биле мразени, нивните права биле негирани, и биле притискани на маргините и казнувани. Стотици илјади Курди биле убиени во борбите против владите во државите каде биле расцепкано поделени. Израел им помогнале на Курдите во северен Ирак на почетокот од 70-ите години.

Проблематичниот статус на Курдите довел тие да станат бестрашни и засилени со силно чувство за национална свест, па така во најголемиот дел од историјата тие можеле да ја надминат племенската лојалност и поделеноста помеѓу себе. Чувството да бидат под опсада и постојаната потреба за борба за нивен опстанок и основни права, ги присилило да придобијат секого кој е способен да држи оружје во рака. Токму затоа на толку многу курдски жени им било дозволено да се приклучат на борбените сили, за разлика од традициите на Блискиот исток каде жените имале задача да се грижат за домовите и семејствата.

Ситуацијата со Курдите радикално се влоши откако пред неколку месеци на сцена за појави Исламската држава во Ирак и Сирија. Оваа организација која спроведува суров терор напаѓа и елиминира секого кој не сунитски муслиман, како што бевме сведоци во однос на страшната судбина која го снајде племето Јазиди: убиства, маси народ починати од глад, продажба на жени како робови на црниот пазар и нивна насилна конверзија во исламот. Ниту заедниците на сунитите муслимански не поминуваат подобро, освен ако не се приклучат на Исламската држава, а нивните мажи да станат членови на бандите убијци на таа организација.

Повеќето Курди се муслимани Сунити, но не се приклучија на Исламската држава па, затоа мора да се борат за да не бидат асимилирани. Градот Кобане веќе со месеци е центар на овие борби, и сите вклучени страни играат валкана игра со животите на Курдите кои таму останале во незначителен број. Асад ужива кога гледа како тие бегаат кон Турција, Турците ги мразат и до пред некој ден одбиваа да им помогнат. Западот е зафатен со вирусот Ебола и во обидите да ги спасат Багдад и Ирак – и само ирачките и турските Курди сакаат да заминат во Кобане со нивно оружје, со цел да им помогнат на нивните земјаци кои се со недели опседнати.

Светот во целина, а посебно оние држави кои не се многу наклонети кон Курдите, им го докажаа ова уште еднаш – дека само Курдите можат да им помогнат на Курдите. Само заедништвото на Курдите, курдските воени сили и курдската држава може да гарантираат дека курдскиот народ ќе може да живее нормален живот, живот онаков кој може да го живее народ кој има своја држава. Ова е како прво и најважно етички став, затоа што секој народ кој постигнал независност за себе е морално обврзан да биде рамноправен со Турците, за да можат и тие исто така да живеат како слободни луѓе на земја која веќе илјадници години е нивно наследство. Тие не се емигранти, тие не се освојувачи, и немаат каде на друго место да одат.

Во последно време се одржуваат состаноци на Курдите во егзил, за да дојдат до идеи да одат напред кон некој вид на самоуправување за Курдите, додека во позадина владее заканата од Турција да сопре каков било  вид на курдска независност онаму каде порано беше државата Сирија.

Но, Курдите во Сирија се сосема свесни за нивните браќа во Ирак кои веќе дваесет години имаат своја влада, парламент, армија, комуникации и свој економски систем во независен регион, со минимални врски со Ирак. Курдските бегалци патуваат низ целиот свет во обид да ја обезбедат многу очекуваната финансиска и јавна поддршка за нивната борба. Светот – државите, организациите и населенијата – едноставно мораат да ги поддржат.

Светот мора да им каже на Курдите: Време е за ваша независност. Време е да се најави смртта на вештачките држави Сирија и Ирак, создадени со Договорт Сајкс-Пико; време е да се преуреди Блискиот исток според интересите на тамошните народи, а не само на Британија и Франција.

Колонијализмот исчезна пред седумдесет глодини, и време е да се избрише тоа колонијалистичко наследство – а тоа се границите на Сирија и Ирак. Она што им се случи на Југославија, Чехословачка и на СССР, е модел за редизајнирање на Блискиот исток. Сите три спомнати држави се поделија по етничка линија и повеќето од новите држави сега се развиваат, мирни се и легитимни модерни држави. Украина сега го прави истото. Ова е природен процес во свет каде етничкото потекло е од голема важност за повеќето народи, кога групите сакаат дури и да поведат војна една со друга заради разликите во јазикот, културата и традицијата.

Се додека е така, Блискито исток не се разликува од Европа. И тука лојалноста кон традиционалните рамки – племињата, народите, религиите и сектите – се посилни отколку лојалноста кон модерната држава. Токму затоа државите кои произлегоа по Првата светска војна, посебно Сирија и Ирак, не успеаја во својата главна цел да бидат држави: да си пронајдат место во срцата на своите граѓани, да се создаде ирачки и сиријски национален етнос, да се замени традиционалната лојалност и идентитет со тој на една модерна држава. Токму затоа Курдите се уште се дефинирани како Курди – од нивните соседи како и самите помеѓу себе – а не како Сиријци, Ирачани, Турци или Иранци.

Западот, а посебно Израел, мора да заземат морална позиција – кој истовремено треба да биде реалистичка позиција – и да го поддржат, и во зборови и во дела, легитимното право на Курдите за целосна независност и за држава, како и сите други народи во светот. Тоа е единствениот начин тие да бидат слободни од децении страдање заради одамна исчезнатите колонијални интереси. Сите оние држави кои се склони да признаат „палестински народ“, измислен „народ“ чие постоење не беше познато се до 70-ите години од минатиот век, „луѓе“ без свој јазик, култура, етникум или територија – ајде сега да ги слушнеме во однос на Курдите. Курдите се реален народ, кој многу повеќе заслужува признавање и права отколку виртуелниот палестински „народ“.

Турција нема да биде задоволна со меѓународното признавање на курдските права. Турците безмилосно ги масакрираат Курдите; само во последниве триесет години, турската армија уби десетици илјади курди во Турција и во Ирак. Светот – од етичка гледна точка – мора да им каже на Турците: „Што е доста – доста е, дојде време да ги признаете легитимните права на оваа казнувана и тероризирана група, за чии страдањата и вие сносите дел од одговорноста“.

Арапската влада во Ирак ќе дигне бука дека не сака курдската држава да ја земе нафтата и територии од Ирак. Но кога и ако курдска држава биде воспоставена, многу ирачки арапи ќе здивнат. И срцето на Асад ќе се смири кога светот ќе го ослободи од Курдите – а Иранците, каде живеат мал број на Курди, ќе почнат да се грижат дека и нивните Курди ќе сакаат да се отцепат од државата која владее со нив само заради британците.

Ако иранските Курди продолжат со нивните напори да добијат независна држава и почнат да се борат за неа, можеби ќе ги инспирираат и другите малцинства кои живеат во Иран да побараат етнички права, па дури и легитимно право да станат посебен ентитет. Ова сценарио е единствено можно во Иран, како и во Ирак, Сирија и Турција, и може да доведе до граѓанска војна во Иран и распад, што е можеби уште еден позитивен исход од Курдска држава во Сирија.

Не помалку позитивен исход може да биде почувствуван со справувањето со Исламска држава. Курдите докажуваат дека се единствената сила во регионот која стамено се бори против Исламската држава. Другите држави – Турција и Иран – не брзаат да испратат свои војници на бојното поле, а можеби и никогаш нема да го сторат тоа. Западот и неколку арапски држави го ограничуваат своето инволвирање на воздушни напади, кои не можат да ја уништат Исламската држава. Ако копнените сили кои можат да пребараат секоја куќа, подрум, стан и дупка не се вклучат во војната, Исламската држава нема да биде поразена. Во тој случај, Исламската држава најверојатно ќе остане тука уште многу години и светот ќе го прифати нивното постоење како факт.

Дали прифаќањето на правото на Курдите за независност како факт е помалку веројатно отколку тоа за Исламската држава? Во ситуација кога Блискиот исток се распаѓа, императив е да се започне процес на градење алтернативи за пропаднатите држави. Курдската држава може да биде успешна нов и добро организиран почеток за модерната историја на Блискиот исток, за подобра шанса за успех отколку на она што дојде по Првата светска војна и не успеа во повеќето случаи. Курдската држава ќе биде „она што доаѓа“ во регионот, и ќе ја отвори „пролетта на државите“, 166 години откако слична „пролет“ започна во Европа. 

 

Аруц Шева – Беит Ел, Појас Газа

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Турција: Уништени 20 објекти на Курдистанската работничка партија

Четворица загинати во самоубиствен напад на ИД врз центарот на безбедносните сили во Рака

А1он

Покрената истрага против осомничениот за убиството на тројца Курди во Париз

А1он

(ВИДЕО) Париз како воена зона: Курдите излегоа на улица

Катерина Ѓуровски

Француските Курди протестираат во Париз по нападот врз тројца сонародници