Истекувањето на нафта предизвика затворање на нафтениот систем во Северно море

Од:

Нафтениот систем што поврзува 27 нафтени полиња во Северно Море е затворен денеска, откако на една од платформите за црпење нафта од морското дно е откриено истекување. Претставник на компанијата Така-Британи од Абуд Даби која стопанисува со платформата Корморант Алфа, каде е забележано истекувањето изјави дека инцидентот е откриен доцна вчера, по што веднаш е покрената истрага.

Сите неопходни членови на екипажот што е ангажирана на платформата, се евакуирани од безбедносни причини. Засега не се знае што го предизвикало истекувањето, како и колкаво е оштететувањето, но експертите на компанијата тврдат дека досега нема сознанија за истекување на нафта во морето.

Платформата Корморант Алфа се наоѓа на околу 160 километри, североисточно од бреговите на Шетландските Острови и таа важи за најзначајна во целиот систем, затоа што преку неа се поврзани други осум нафтени платформи, од кои заедно се добиваат околу шест отсто од потребите на Велика Британија за нафта и гас.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата