Исповед на лекар кој преживеа ебола: Не можев да земам воздух, целиот се тресев

Од:

Триесет и тригодишниот Кент Брантли, американски лекар кој преживеа ебола, во своето прво интервју по закрепнување од смртоносниот вирус кој ја зафати западна Африка, вели дека кога ги почувствувал првите симптоми, помислил дека станува збор за маларија или тропска грозница, но потоа дознал дека е заразен од ебола.

– Не можев да земам воздух и целиот се тресев. На медицинската сестра и реков дека сум болен и дека немам сили за да издржам. Никогаш не ја изгубив вербата, дури и кога лекарите мислеа дека нема да преживеам- раскажува тој.

Во тек на минатиот месец заедно со мисионерката Ненси Врајтбол заминал од Либерија во болница во Атланта, каде што двајцата примиле вакцина, кој се уште е во фаза на тестирање. Неколку недели подоцна тие ја напуштиле болницата, бидејќи тестовите на ебола се покажале негативни.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Во два региона на Уганда воведен карантин поради епидемија од ебола

Во Уганда 29 лица починаа од ебола, меѓу нив и здравствени работници

Катерина Ѓуровски

Во Уганда 16 лица заразени со ебола од почетокот на епидемијата

Ана Ололовска

Во Уганда прогласена епидемија на ебола, почина 24-годишен маж

Ана Ололовска

СЗО: Втората епидемија на ебола годинава во Демократска Република Конго прогласена за завршена

А1он

Тедрос: Гвинеја ја победи еболата, утре очекувам крај на епидемијата

Жарко Настоски