Исламската држава го пофали терористичкиот напад во Москва

Од:

Портпаролот на терористичката организација Исламска држава (ИД) Абу Хутаифа Ал Ансари денеска го пофали терористичкиот напад врз трговскиот центар Крокус Сити Хол во Москва, во кој во петокот беа убиени повеќе од 140 луѓе.

Ал Ансари ги повика поддржувачите на Исламската држава да ги таргетираат „крстоносците“ со напади, особено во Соединетите Американски Држави, Европа и Израел, пренесува Ројтерс.

„Се молиме на Бога да стигнете до Палестина за да можете да се борите со Евреите лице в лице во бескрајна верска војна“, рече Ал Ансари во снимената аудио порака објавена на платформата Телеграм.

Би можело да ве интересира

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Германија

A1on

Русија: Се знае која разузнавачка служба е вмешана во нападот на „Крокус сити хол“

Во Русија е уапсен 12-от осомничен за терористичкиот напад на „Крокус“

Голема потера во Москва по осомничен терорист

Македонија се усогласи со дополнителните санкции на ЕУ за Исламска држава и Ал Каеда

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Ни рекоа дека ќе добиеме по милион рубљи во Киев, сведочи еден од терористите од Москва

Катерина Ѓуровски