Меѓународниот аеродром во Триполи, кој стана арена на жестоки судири меѓу различни групации, кои се обидуваа да го стават под своја контрола, е целосно уништен.
Радикалните исламисти, кои го презедоа вчера, целосно ја опожарија зградата на аеродромот, изградена пред многу години во форма на бел шатор.
Борбите на главниот либиски аеродром, кој се наоѓа на 30 километри од Триполи се водеа меѓу „Зинтанската бригада“, која беше на страната на генералот Халифа Хафтар и исламистичките милиции, предводени од групите од градот Мисрата.
Во текот на борбите пистите за полетување и слетување беа мошне оштетени од многубројните ракетни напади, а возниот парк е практично уништен. Авионот сепак продолжи да функционира уште одредено време и покрај се почестите затворања на воздушниот простор над Триполи. Во последно време цивилните авиони слетуваа и полетуваа од воената база Митага.