Исламистичкиот верски лидер Абу Хамза осуден во Њујорк за поддршка на тероризмот

Од:

Суд во Њујорк го прогласи радикалниот исламистички верски лидер Абу Хамза за виновен за потикнување на тероризмот.

Хамза во 2012 година беше екстрадиран од Велика Британија во САД, по осумгодишна правна битка околу тоа дали треба да му суди американски или британски суд.

Амерканските правосудни власти го обвинуваат Хамза за организирање камп за обука на терористи во сојузната држава Орегон, како и за помагање во киднапирањето на 16 странски туристи во Јемен во 1998 година. Четворица од нив, тројца Британци и еден Австралиец, беа убиени во операцијата за нивно спасување.

Во текот на судењето, Хамза ги отфрлаше обвинувањата, одбивајќи да прифати дека бил дел од заговор за помагање и потикнување на тероризмот, но сосема мирно ја прими пресудата.

За ова кривично дело тој може да биде осуден на доживотен затвор.

Абу Хамза ал Масри (56) е роден во Египет, но побегнал во Велика Британија и од 1979 година живееше во Лондон. Пред да му се посвети на исламското учење и на проповедањето на радикалниот ислам, Хамза работел во еден лондонски стриптиз клуб.

Тој ги има загубени шаките на двете раце, како и едното око во несреќа при експлозија на течно гориво за време на изградбата на пат во Пакистан.

Пред да биде обелоденет овој детал од неговиот живот, тој на своите верници им зборувал дека станал инвалид за време на војувањето против советската окупација на Авганистан. Сега на двете раци како протези има две метални куки.

На пошироката јавност тој и стана познат по своите остри исламистички и антизападни проповеди во џамијата во лондонскиот кварт Финзбури Парк. На нив Хамза го величаше „херојството“ на терористите кои ги извршија нападите во САД на 11 септември 2001 година, а подоцна ги одобруваше сите самоубиствените бомбашки напади на разни локации во светот.

Британските власти го уапсија во 2004 година, врз основа на американската потерница и барањето за екстрадиција.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ