Исламистички милитанти освоија две нафтени полиња во Либија

Од:

Припадниците на исламистички милитантни груп освоија две нафтени полиња во централна Либија, додека вооружени милиции кои стојат зад едната, или другата либиска влада, продолжуваат да војуваат меѓусебе за контрола врз земјата.

Претставник на безбедносните сили на либиската нафтена индустрија соопшти дека припадниците на овие сили кои се грижеле за безбедноста на нафтените полиња Ал Бахи и Ал Мабрук, морале да се повлечат откако останале без муниција.

Според овој претставник, под контрола на милитантите ќе се најде и третото нафтено поле Ал Дахра, затоа што и од таму се повлекле безбедносните сили кога немале повеќе миниција, за да се одбранат.

Во меѓувреме, продолжуваат борбите меѓу либиската влада во Тобрук, на крајниот исток од земјата, која е меѓународно призната и онаа во Триполи,која е под контрола на повеќе исламистички групи.

Во текот на вчерашниот ден борбените милиции од едната и другата влада користеа и воздушни напади,против позициите на другата страна.

Либија е во целосен хаос, по насилното соборување на власта на Моамер Гадафи, во 2011 година. Намаесто демократија и стабилност оваа северноафриканска земја е пред распад, без централна власт и без контрола врз територијата на државата и на нејзините граници.

Такавата ситуација и постојаните борби за превласт, на вооружените групи и милиции,придонесе Либија да се претвори во „рајско место“ за разни исламистички групи, меѓу кои и Ал Каеда и Исламска држава.

ОН се обидоа минатиот месец да организирааат средба во Мароко на двете либиски влади за изнаоѓање излез од хаотичната состојба, но разговорите пропаднаа уште пред да почнат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски