Исламистички борци, кои го напуштија либанскиот град Арсал, при повлекувањето преку границата кон Сирија, заробиле либански војници, соопштии извор во либанските сили за безбедност.
Либанската армија информира дека исчезнале 22 нејзини војници.
На прес-конференција, што денеска беше емитувана на телевизија, сунитски верски лидери кои посредуваат меѓу либанската армија и исламистите, изјавија дека Арсал е речиси целосно исчистен од напаѓачи.
– Армијата денеска ја презеде контролата врз градот Арсал, но опасноста не е сосема мината, особено поради фактот дека терористите зедоа заложници, изјави либанскиот воен експерт, генерал Амин Хтејт.