Исчезна претседателот на Интерпол

Од:

Француската полиција започна потрага по претседателот на Меѓународната полициска организација (Интерпол), Кинезот Менг Хонгвеј, откако неговата сопруга пријавила дека „нема никаков глас“ од него по неговото заминување за Кина минатата недела.

Извори од француската полиција соопштија дека сопругата на Менг го пријавила исчезнувањето во полициска станица во Лион, каде се наоѓа седиштето на Интерпол.

Таа, според истите извори, изјавила дека нема никакви информации каде се наоѓа Менг, откако тој заминал за Кина на 29 септември.

Претставник на француските правосудни власти, кој побарал анонимност, соопшти дека Менг отпатувал од Франција и пристигнал во Кина „кон крајот на сепетмври“.

Менг, кој заедно со сопругата и децата живее во Лион, беше избран за претседател на Интерпол во ноември 2016 година, со мандат од четири години. Пред изборот на водечката позиција во Интрепол, Менг беше потпретседател на кинеската Комисија за контрола на наркотиците и директор на Националната служба за борба против тероризмот.

По неговиот избор за прв човек на Интерпол, повеќе меѓународни организации за заштита на човековите права реагираа дека Кина би можела да го искористи Менг за прогон на кинески дисиденти во странство.

На ваквите стравувања, Интерпол одговори дека Уставот на организацијата им забранува не нејзините скужбеници да се мешаат во политиката.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски