Ирскиот премиер за зајакнување и проширување на Унијата

Од:

Ирскиот премиер Мајкл Мартин на пленарна седница на Европскиот парламент денеска ја истакна важноста од зајакнување и проширување на Европската унија, нагласувајќи го потенцијалното членство на Албанија и Северна Македонија.

Говорејќи за време на дебатата „Ова е Европа“, Мартин рече дека ова е критичен момент во историјата на Европа, со голем број големи предизвици, при што руската агресија против Украина покренува прашања за заштита на вредностите на слободата и демократијата, како и амбициите за постигнување енергетска сигурност и ослободување од зависноста од руски енергенси.

Тој смета дека предолго се чекало на прашањето за проширување, а говорејќи за Западен Балкан изјави дека нема причина Северна Македонија и Албанија да не бидат членки на Унијата.

– Кога станува збор за проширувањето, ние треба да го забрзаме процесот и да ја донесеме таа одлука како Унија, рече Мартин, додавајќи дека со оглед на трансформацијата на Ирска која ја доживеа со членството во ЕУ, тој не би се чувствувал добро ако не се дозволи членство на друга земја што ги исполнува условите.

– Ние сме силно со сите оние кои ги споделуваат основните вредности на мирот, демократијата и напредокот во Европа. Заштитата на тие вредности бара силна Европска Унија, рече Мартин, додавајќи дека Унијата треба да се зајакне за подобро да им служи и одговори на итните предизвици.

Тој ја нагласи потребата од борба против рускиот тоталитаризам и империјализам, тврдејќи дека изгледите за членство во ЕУ може да бидат моќен двигател на реформите, а само членството е средство за обезбедување мир и демократија во Европа и соседството.

Тој рече дека ги поддржува најсилните можни санкции против Русија, свесен за трошоците што ги предизвикуваат, а за Путин рече дека е „оној чија основна политичка цел е уништување на Унијата“.

Мора да се биде со Украина за време на војната, но и потоа со планирање на нејзината обнова, рече Мартин нагласувајќи дека Европската унија е надеж за народот на Украина, но и за земјите од Западен Балкан, Молдавија и Грузија.

– Мораме да ги поддржиме сите оние кои сакаат да ги преземат сите реформи за да се подготват за членство. Не смееме да им ставаме дополнителни пречки на патот, рече Мартин, додавајќи дека силно ја поддржува кандидатурата на Украина за членство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он