Ирскиот премиер Енда Кени реизбран во Парламентот, ќе застане на чело на малцинска Влада

Од:

Ирскиот премиер Енда Кени денеска во ирскиот Парламент е реизбран на функцијата, по повеќе од два месеца од парламентарните избори, одржани на 26 февруари, пренесуваат британските медиуми.
Кени ќе предводи малцинска Влада, што е поддржана од независни пратеници.

Со ова се става крај на политичкиот ќорсокак, во кој западна Ирска по изборите, на кои немаше категоричен победник.

Десноцентристичката партија на Кени „Фина гејл“ претрпе тешки загуби на 26 февруари. Таа, меѓутоа, сепак ја зачува власта со поддршката на деветмина независни пратеници.

Историскиот соперник на „Фина гејл“, центристичката партија „Фина фојл“, се согласи до крајот на 2018 година да се воздржува при клучните гласања во Парламентот.

Ирската либерална партија, помалиот левоцентристички партнер на „Фина гејл“ во владината коалиција, која управуваше со земјата во претходниот мандат на Парламентот, претрпе несупех на изборите и веќе не може да го обезбеди парламентарното мнозинство за Кени.

Ирскиот премиер денеска доби 59 гласа „за“ наспроти 49 „против“ на гласањето во Претставничкиот дом,  пренесоа американските медиуми.

Пратениците на „Фина фојл” гласаа „воздржано“.

Енда Кени имаше сериозни проблеми при обезбедувањето на неопходната поддршка во Долниот дом на ирскиот Парламент, забележуваат американските медиуми. Тој денеска постигна исчекор откако „Фина гејл“ ја убеди „Фина фојл“ да ја поддржи компромисната владеачка програма и се согласи на независните пратеници да им даде три министерски функции.

Лидерката на Ирската либерална партија Џоан Бартон ја искритикува спогодбата оценувајќи ја како „длабоко погрешна“.

Ирскиот премиер успеа да ја добие поддршката на Парламентот едвај во четвртиот обид, забележува ТАСС.

Енда Кени вети дека новата Влада ќе ја состави уште денеска.

Кени (65) стана првиот премиер од „Фина гејл“ со два мандата, посочуваат британските медиуми. Тој, освен тоа, е првиот европски лидер кој ја спровел програмата за спас на економијата и ја задржал својата функција.

Поддршката за Кени на овие избори, меѓутоа, беше видливо намелена и тој вети дека нема да се бори за трет мандат.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден