Ирскиот премиер Енда Кени го призна поразот на изборите

Од:

Ирскиот премиер Енда Кени го призна поразот, откако прелиминарните резултати на парламентарните избори покажаа дека се намалила поддршката на неговата партија на десниот центар Фине Гел и нејзиниот коалициски партнер, Лабуристичката партија.

– Јасно е дека Фине Гел и лабуристите нема да се вратат на власт и дека сега уште треба да се почека сите гласови да бидат пребројани за да видиме, кои опции мораме да ги разгледаме, рече Кени за ирската телевизија РТЕ.

Пребројувањето на гласовите почна денеска, а конечните резултати се очекуваат утре.

Оваа ситуација покажува дека Ирска или ќе има Парламент во кој ниту една партија нема мнозинство или ќе следува сојуз меѓу традиционално ривалски политички партии.

Додека партијата на Кени освои многу помалку гласови, од што се очекуваше, противничката републиканска партија Фиана Фаил освои 21,1 отсто. Овие две партии никогаш досега не соработувале во Владата.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден