Ирскиот Парламент усвои закон што одобрува абортус во некои случаи

Од:

Ирскиот Парламент усвои синоќа закон, што одобрува абортус во случаи кога животот на мајката е во опасност, вклучително при ризик од самоубиство.

Поднесениот текст од Владата беше усвоен со 127 наспроти 31 глас по маратонски дебати по 165 измени.

Претстои новиот закон да биде одобрен и во Горниот дом на Парламентот, каде што владејачката партија има мнозинство.

Законот одобрува абортус ако продолжувањето на бременоста предизвикува „реален и значителен“ ризик по животот на мајката. Ако има ризик од самоубиство на мајката, се налага едногласно одобрение на гинеколог и двајца психијатри.

irskaabortus1

Гласањето на текстот настапи неколку месеци по смртта, во октомври 2012 година, на 31- годишна жена на која не и беше дозволен абортус во ирска болница, и покрај тоа што таа имала спонтан абортус во 17-та недела од бременоста. Барањето и било отфрлено, затоа што животот во тој момент не и бил во опасност, но малку подоцна жената починала од сепса поради спонтаниот абортус.

Левоориентираните пратеници сметаат дека новиот закон и натаму е силно рестриктивен, затоа што не одобрува абортус во случаи на силување или инцест, ниту на абнормален ембрион.

Според податоци на британското Министерство за здравство, само во 2012 година 3.982 жени, меѓукои 124 на возраст под 18 години, дошле од Ирска во Англија или Велс да извршат абортус. Во периодот меѓу 1980 и 2012 година тоа го направиле над 150.000 жени кои дошле од Ирска.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден