Ирскиот надбискуп тврди дека католичката црква нема податоци за масовната детска гробница

Од:

Надбискупот на католичката црква во Ирска, Мајкл Нири изјави денеска дека „црквата нема никакви податоци“ за закопувањето на безмалку 800 бебиња и мали деца, кај еден дом за мајки и бебиња, во градот Туам.

– Јас сум шокиран од сите овие вести, како и од многу поголемиот број деца, закопани на гробиштата, рече надбискупот Нири, во изјава за ирската државна телевизија.

Тој најави целосна соработка на црквата со властите, во истрагата за откривање на сите детали и на целосната вистина за случајот, што ја разбранува јавноста во Република Ирска.

Надбискупот се заложи и за достоинствен погреб на останките на сите умрени деца.

Останките се откриени во еден септички танк, изграден од бетон, во ирската област Галвеј во кој се погребани 796 деца на возраст од неколку денови, до девет години, сите умрени во перидот меѓу 1925 и 1961 година.

Гробницата е откриена уште пред 40 години, но се мислеше дека станува збор за деца кои умреле како последица на големиот глад што ја има погодено Ирска, во средината на 19 век,кога во земјата се починати повеќе од еден милион луѓе на различна возраст.

Истражувањето што го направи историчарката Кетрин Корлес, покажа дека посмртните останки не се жртви на гладот, туку им припаѓаат на „деца на срамот“ чии мајки биле бремени, а немажени.

Нивните починати деца биле закопувани во масовна, необележена гробница, откако ќе умреле од некоја тешка болест, или од зараза.

Овие мајки, со нивните бебиња и малите деца биле сместени во посебен мајчин дом со кои управувале католички калуѓерки. Домот во Туам бил еден од десете во Ирска и во сите нив имало околу 35 илјади немажени,а бремени жени.

Децата кои тие ги раѓале, не биле крстени, биле издвојувани од другите деца, а кога ќе умреле, за нив немало христијански погреб.

Историчарката Корлес сега се залага за создавање посебен фонд, за да се изгради еден споменик за сите починати деца, жртви на едно време и на едно погрешно верување.

Пратеникот на партијата Фиана Фел од реонот на Туам, Колм Кевени, побара од Владата во Даблин формално извинување до мајките на сите овие деца, како и посебен погреб на најдените останки.

– Сите овие бебиња и мали деца беа ирски државјани, па односот кон нив и кон нивните мајки е ужасно неправеден, изјави пратеникот Кевени.

Ирската католичка црква е веќе тешко потресена со сомневањето за насилство иза силување, што го вршеле во минатото свештеници, во домовите и училиштата, врз малолетни деца кои им биле оставени на чување и воспитување.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден