Ирската морнарица спаси 712 мигранти во близина на брегот на Либија

Од:

Ирската морнарица спаси 712 лица, меѓу кои и бремени жени и бебиња во близина на брегот на Либија. Операцијата е изведена во рамките на меѓународната акција за спасување на мигранти, соопштија денеска Одбранбените сили на Ирска.

Бродот „Леитне“ ја предводел спасувачката операција во која учествуваа голем број бродови на околу 40 километри северозападно од Триполи.

Бродот ќе ги транспортира луѓето, вклучително и 14 бремени жени и четири бебиња помлади од четри месеци во „безбедно пристаниште“ и ќе бидат предадени на италијанси власти.

Мигрантите се во тешка состојба, но ќе можат да го поднесат патот до безбедното пристаниште.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лос Анџелес станува „град засолниште“ за мигранти пред доаѓањето на Трамп

Катерина Ѓуровски

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Шолц е скептичен кога станува збор за прифатните центри за мигранти надвор од ЕУ

Приведен радовишанец кој превезувал осум мигранти од Непал

A1on

Орбан се закани дека ќе ги однесе мигрантите во Брисел ќе ги остави пред канцелариите на ЕУ

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on