Ирска во 2018 година ќе организира референдум за легализација на абортусот

Од:

Ирската Влада соопшти дека следната година, во мај или јуни, ќе организира референдум за абортусот, кој сега е нелегален освен во случај кога има закана за животот на мајката.

– Владата се согласи за програмата на референдумот за уставните промени, вклучувајќи референдум за осмиот амандман, се наведува во денешното соопштение на Владата.

Со осмиот амандман се гарантира „правото на живот“ на ембрионот, имајќи предвид „еднакви права за животот на мајката“.

На референдумот, Ирците ќе одлучат дали абортусот треба да се легализира „во речиси сите случаи“.

Комитетот за човекови права при Обединетите нации минатиот јули побара државата да ја укине забраната на абортуси.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден