Ирска добива прв премиер деклариран хомосексуалец

Од:

Владејачката партија во Република Ирска, Фине Гаел вчера го избра Лео Варадкар за лидер, што значи дека земјата ќе го добие својот прв премиер кој е деклариран хомосексуалец и најмлад за таа функција.

Варадкар (38) е син на индиски имигрант, а доаѓа на местото на премиерот Енду Кени (66). Тој треба да биде избран за премиер на седницата на Парламентот на 13 јуни.

По оставката на Кени од лидерското место во Фине Гаел во мај, Варадкар, кој е актуелен министер за социјална заштита, најави дека ќе се кандидра за таа позиција, а противник му беше министерот Симон Конвеј.

Вардакар освои убедливо мнозинство гласови од членовите на партијата на десниот центар.

– Доколку некој на мои години, со мешано расно потекло и сите работи кои го прават мојот карактер, има можност да стане лидер на нашата земја, тогаш мислам дека тоа испраќа порака до секое дете родено денес оти не постои канцеларија во Ирска кон која не може да тежнее, истакна Варадкар.

Би можело да ве интересира

Ирската полиција уапси меѓународна нарко-банда која поседувала дрога вредна една милијарда евра

Горан Наумовски

Ирска на референдумот одлучува за уставната идеја за семејството и улогата на жената во домот

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он

ВИДЕО: Се смири хаосот во Даблин по нападот со нож во кој беа повредени три деца

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) „Јуриш на поклонети пари„: Се расипаа банкоматите во Ирска, луѓето грабаа по 1000 евра

Паника во Северна Ирска: Полицијата пронашла четири бомби пред посетата на Бајден