Иранските беспилотни летала „Шахед“ содржат европски компоненти

Од:

Иранските камикази беспилотни летала користени во неодамнешните напади врз украинските градови се натоварени со европски компоненти, се вели во таен документ што Киев го испратил до западните сојузници.

Во документот од 47 страници, кој украинската влада го достави до владите на Г7 во август, се тврди дека во претходните три месеци имало повеќе од 600 напади врз градови со беспилотни летала (UAVs) со западна технологија.

Според извештајот до кој дојде Гардијан, 52 електрични компоненти произведени од западни компании биле пронајдени во дронот Шахед-131 и 57 во моделот Шахед-136, кој има домет од 2.000 км и брзина на крстарење од 180 км/ч.

Пет европски компании, вклучително и полска подружница на британска мултинационална компанија, се наведени како оригинални производители на идентификуваните компоненти.

„Меѓу произведувачите на компонентите се компании со седиште во САД, Швајцарија, Холандија, Германија, Канада, Јапонија и Полска“, се тврди.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО