Иранскиот парламент го одобри затворањето на Ормускиот теснец, конечната одлука е на безбедносните власти

Од:

Иранскиот парламент го одобри затворањето на Ормускиот теснец, објави Ројтерс, повикувајќи се на Press TV, додавајќи дека од највисокото безбедносно тело се бара да донесе конечна одлука за мерката.

Соединетите Американски Држави извршија воздушни напади врз три ирански нуклеарни постројки во неделата и со тоа се приклучија на војната што ја започна Израел со напади врз ирански воени и цивилни цели.

Иранскиот министер за надворешни работи Сејед Абас Арагчи претходно навести дека ова е една од опциите што Иран би можел да ја искористи како одговор на американската агресија.

Околу 20 проценти од светската потрошувачка на нафта поминува низ Ормускиот теснец секој ден, а во неговата најтесна точка е широк само 55 километри. Од 13 јуни и израелската агресија против Иран, цената на нафтата во светот се зголеми за околу 10 проценти.

Иран може да одговори со таргетирање на бродови што ги означува како непријателски или со минирање на самиот премин. Ова веројатно би значело значителен скок на цените на енергијата низ целиот свет.

Би можело да ве интересира

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен од притвор со кауција

Обвинувања од Техеран: Западот се обидува да го дестабилизира Иран преку „мека војна“ и етнички поделби

Врховниот лидер на Иран ѝ се заканува на Америка: Нападот ќе предизвика регионална војна

Горан Наумовски

Замир: САД би можеле да го нападнат Иран за две недели

Иран ги прогласи европските армии за терористички групи

Одлуката е донесена: „Ќе се случи невиден напад“