Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен од притвор со кауција

Од:

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани, кој наводно беше осуден на смрт за учество во антивладини протести, е ослободен со кауција, објавија иранските медиуми.

Адвокатот на Солтани, Амир Мусакани, изјави дека неговиот клиент бил ослободен со кауција во саботата и дека ги имал сите негови работи, вклучувајќи го и мобилниот телефон, објави Би-Би-Си. Адвокатот рече дека кауцијата е околу 12.600 долари.

Солтани беше уапсен на 8 јануари во градот Фардис, западно од Техеран, а официјалните лица во тоа време го информираа неговото семејство дека треба да биде погубен за неколку дена, без да дадат дополнителни детали, според норвешката курдска група за човекови права Хенгав.

Сепак, иранското судство негираше дека Солтани е осуден на смрт.

Апсењето на Солтани, сопственик на продавница за облека, ги привлече насловите низ целиот свет кога беше објавено дека наводно треба да биде погубен. Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе преземе „многу силни мерки“ доколку се извршат егзекуциите. Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, изјави дека „нема план“ за бесење луѓе.

По првичните извештаи, Хенгав подоцна изјави дека, според информациите добиени преку роднини, егзекуцијата на Солтани е одложена. Американската организација „Хјуман рајтс воч“ соопшти дека го потврдила убиството на повеќе од 6.300 луѓе откако започнаа протестите во Иран кон крајот на декември и дека истражува уште 17.000 пријавени смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Иран нема да го отвори Ормутскиот теснец сè додека САД не ги прифатат сите седум услови

Калибаф: Иран стана една од четирите светски сили

NBC: Администрацијата на Трамп размислува за атентати врз ирански лидери

(ВИДЕО) Нападнат е финансискиот центар во Ријад

Техеран со седум барања пред почетокот на преговорите со САД

Ја стигна казната – иранска пејачка денеска доби 74 удари со камшик поради пеење без хиџаб во декември 2024 година

А1он