Иранската полиција денеска објави дека почнала да спроведува мерка за идентификување и казнување на жените кои го прекршуваат кодексот за облекување наметнат во земјата, користејќи паметна технологија.
Полицијата соопшти дека од денеска ќе почне да спроведува „внимателно планирани акции“ на јавен простор, возила и на „места каде понекогаш се симнува хиџабот“.
„Во овој контекст, паметната технологија ќе се користи за да се идентификуваат луѓето кои го прекршуваат законот“, додаваат од полицијата.
Новата мерка доаѓа откако повеќе жени се спротивставуваат на задолжителниот кодекс на облекување на Иран. Жените го започнаа по смртта на младата Махса Амини во септември, која беше уапсена поради кршење на строгиот кодекс на облекување.
„Согласно важечките закони, симнувањето на хиџабот се смета за кривично дело. Луѓето кои го прекршуваат законот се одговорни за своите постапки и своето однесување“, изјави неименуван висок полициски функционер, пренесува Бета-Франс прес.
Според него, полицијата ќе ги предупреди компаниите доколку работничките го симнат хиџабот на работното место.
На тие компании ќе им се заканува затворање доколку работничките продолжат да го отстрануваат хиџабот по предупредувањето.
Иранските власти во неколку наврати претходно предупредуваа дека секој што ќе го тргне превезот на јавно место ќе биде „казнет“.