Иранец се обидел со кајак преку Ламанш да дојде до Британија

Од:

Британската крајбрежна стража открила еден мигрант, кој се обидел со кајак на воздух веслајќи преку каналот Ламанш да дојде од Франција до брегот на Велика Британија.

Британските имиграциски власти денеска соопштија дека Иранецот, кој бил пресретнат изминатиот викенд, престојувал во диво подигнатиот камп „Џунглата“ крај Кале на францускиот брег од каналот.

„Кајакарот“ бил откриен на околу 13 километри од британскиот брег во реонот на англиската област Кент. Веднаш по извлекувањето од кајакот, тој бил префрлен во еден од прифатните центри за бегалци и мигранти, каде побарал политички азил.

На властите им објаснил дека доколку биде протеран и вратен во Иран, таму ќе биде обвинет дека се обидел да премиена од Ислам во Христијанството.

Лондонски „Тајмс“ пишува дека е малку веројатно оти Иранецот сам се обидел да го премине Каналот и претоиставува оти тој и неговиот чамец биле спуштени во морските води во близината на линијата што ги разделува територијалните води на Велика Британија и Франција.

Весникот не наведува кој би можел на таков начин да му пмага на Иранецот.

Обелоденувањето на овој случај доаѓа во време кога одново е засилена антимигрантската и антиевропската кампања во проконзервативните десно определени таблоиди, кои секојдневно бараат да се забрза со Брегзитот, затоа што наводно претстои нов наплив на мигранти од Источна и Југоисточна Европа, честопати обвинувајќи ја Франција дека тоа го дозволува.

Во таа кампања е искористен и еден трагичен инцидент, во кој полски камионџија е осуден на 10 години затвор, затоа што прегазил мајка со три деца, додека разговарал преку мобилен телефон.

Весникот „Дејли Меил“ ја користи оваа сообраќајна несреќа за да ги обвини сите странски возачи дека зборуваат на мобилну телефони додека возат низ патиштата на Велика Британија, како и дека се ризик за Британците.

Написите против мигрантите од ЕУ доаѓаат во време кога Полјаците се повеќе се жртви на насилство, поттикато од омраза врз расна, верска и национална основа. 

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он