Иран: Уапсени деветмина странци во врска со протестите против носењето хиџаб

Од:

Девет странци се уапсени во Иран во врска со големите демонстрации против носењето хиџаб во таа земја, соопшти денеска Министерството за разузнавање.

Во соопштението пренесено од државната новинска агенција Ирна, Министерството тврди дека меѓу уапсените има државјани на Германија, Полска, Италија, Франција, Холандија и Шведска.

Властите на Иран сметаат дека странците ги поттикнале протестите, што не престануваат веќе две недели. Протестите беа предизвикани од смртта на 22-годишната девојка по име Махсе Армини, која почина во притвор откако беше приведена поради наводно несоодветно носење хиџаб.

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава