Иран тврди дека постигнал добар договор со МААЕ

Од:

Техеран и Меѓународната агенција за атомска енергија постигнаа делумен договор за нуклеарните прашања во спорот меѓу страните, додека другите спорни прашања остануваат нерешени.

Иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан денеска изјави дека постигнале „добар договор“ со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Абдолахиан на средбата со амбасадорите во Техеран зборуваше за спорот меѓу МААЕ и Техеран.

– Синоќа (вторник навечер) постигнавме добар договор со МААЕ. Овој договор може да ја намали загриженоста за наводите изнесени за мирољубивата нуклеарна програма на Иран и да обезбеди поголема соработка со агенцијата отколку порано, рече Абдолахиан.

Тој додаде дека другата страна прифатила нацртите презентирани од Иран да бидат на маса на преговорите во Виена.

– Се надеваме дека другата страна ќе преговара со искрени намери за да се реши проблемот. Ние сме оптимисти. Доколку другата страна постапи реално, можеме да постигнеме напредок во оваа рунда преговори, рече Абдолахиан.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он