Иран со закани за Израел поради убиството на генералот Алахдади

Од:

Иран им порача на САД дека Израел треба да очекува последици поради нападот на дел од Голенската Висорамнина, кој е под сириска контрола, извршен на 18 јануари кога беше убиен иранскиот генерал Мухамед Али Алахдади, изјави денеска иранскиот заменик-министер за надворешни работи Хусеин Амир Абдулахиан.

– Им испративме порака на САД преку дипломатски канали дека ционистичкиот режим ја премина иранската црвена линија со таа акција. Во таа порака им кажавме дека одговорните треба да очекуваат последици од таквиот чин, истакна Абдулахиан за иранската новинска агенција ИРНА.

Минатата недела иранскиот бригаден генерал Хусеин Дехкан упати закани кон Израел, потенцирајќи оти акцијата на Голенската Висорамнина нема да остане без одговор.

Според претходни израелски безбедносни извори иранскиот генерал не бил мета на нападот врз конвојот на Голенската Висорамнина и оти Израелците мислеле дека напаѓаат герилци од понизок ранг.

Израел повеќе пари ја нападна Сирија од почетокот на граѓанската војна, пред се уништувајќи оружје, пред се ракети, за кои израелските власти веруваат дека се наменети за Хезболах. Проиранската организација се бори на страната на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци