Иран со нови вежби и тестирања возвраќа на санкциите на САД

Од:

Иран денеска започна воени вежби во кои ќе користат и ракети, ден откако САД воведе нови санкции, а американскиот министер за одбрана ја прогласи таа земја за главен поддржувач на тероризмот во светот.

Вежбите се со цел е да покажат сеопватна припрема за соочување со закани и понижувачки санции против Иран, пишува на страницата на Чуварите на револуцијата.

Во текот на вежбите ќе се тестираат неколку видови на радарски системи и ракети од локално производство, како и заповедни центри.

По листата на раките кои би требало да се користат во текот на вежбата, се работи за направи од краток дострел, до 75 километри. Вежбите ќе се одржуваат во покраината Семнан, на североистокот од земјата.

Ова е само на ден откако Белата куќа воведе нови санцкии против Иран, а американскиот министер за одбрана Џејмс Матис изјави дека Иран е земјата која што најмногу го поддржува тероризмот во светот.

Би можело да ве интересира

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Прва реакција на врховниот лидер на Иран: „Одете си од регионот“

Катерина Ѓуровски

Израел ќе му се одмазди на Иран за нападот, протекоа детали од планот

Катерина Ѓуровски

Пад на Волстрит поради Иран и Израел, пораснаа акциите на производителите на оружје

ВИДЕО: Хезболах тврди дека погодил воени позиции и касарна, Израел признава “инцидент“ во северниот дел

Катерина Ѓуровски

Иран се закани дека во случај на одмазда нема да го гаѓа само Израел

Катерина Ѓуровски