Иран се заканува: Преминуваме во офанзивна фаза

Од:

Доколку Америка продолжи со војната во наредните денови, Иран ќе премине од одмазда во офанзивна фаза, предупреди денес виш советник на врховниот лидер на Иран, Мохсен Резаи, објави агенцијата ИРНА.

Резаи додаде дека предвидувањето дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го поништи Меморандумот за разбирање се остварило, бидејќи, како што тврди тој, Вашингтон претходно практично го уништил договорот со кршење на сите пет прелиминарни одредби.

„Првото американско кршење на договорот беше саботирање на прекинот на огнот во Либан и неуспехот на ционистичкиот режим да се повлече“, рече Резаи.

Според него, американската страна го извршила второто кршење на договорот со поттикнување и насочување на бродовите да поминат низ Ормутскиот теснец нелегално и надвор од контролата на Иран.

„Како одговор на ова прекршување, Иран презеде мерки против спорните бродови. После тоа, американската војска, со извршување на воен напад врз брегот на земјата, аеродромот Бандар Абас, островот Кешм и постројките за десалинизација, целосно го прекрши првиот член од меморандумот за разбирање, кој се однесува на меѓусебно почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет“, рече Резаи.

Според него, САД имаат намера да спроведат операции кои, покрај поморската блокада, ќе го зголемат притисокот за наметнување на посакуваното разбирање врз Иран, но, како што додаде, Техеран сега „заврши со политиката и на војна и на преговори“.

Поранешниот командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда предупреди дека ако Америка ја продолжи војната во наредните денови, Иран ќе премине од одмаздничка фаза во офанзивна фаза, додавајќи дека следната погрешна пресметка на Америка би можела да го донесе пламенот на војната на трансрегионално ниво.

„Затоа, ги повикуваме муслиманските и сакани нации од регионот да се спротивстават на Америка и Израел и да спречат избувнување на војна“, апелираше тој.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема напредок во преговорите со Иран, барањата на Техеран се неприфатливи

Багеи: Планот на Иран за ставање крај на војната е најлогичната патоказ

Џефрис: Хегсет мора да си оди, ја загрози националната безбедност на САД

Техеран ѝ се закани на Америка со разорен одговор, Аракчи порача: „Ќе ги видите резултатите“

ВИДЕО: Иран објави снимки од воените тунели

Иран ја укина границата од 2.000 км за своите проектили: Што значи ова за Европа?