Иран се обидел да се меша во изборите во САД

Од:

Врз основа на податоци од Федералното биро за истраги (ФБИ), избришавме околу 130 профили кои наводно биле создадени во Иран, соопшти Твитер.

Профилите биле искористени за „спречување на јавна дискусија за време на првата претседателска дебата во 2020 година“, соопшти компанијата. Во исто време, се потенцира дека овие активности немаат значително влијание врз текот на дискусијата на социјалната мрежа.

Првиот круг дебати за претседателската кампања се одржа во вторникот вечерта во Кливленд, Охајо. Втората дебата меѓу актуелниот претседател Доналд Трамп и демократот Џозеф Бајден ќе се одржи на 15 октомври во Мајами, Флорида, а третата на 22 октомври во Нешвил, Тенеси.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски