Иран: САД го поткопуваат нуклеарниот договор

Од:

Шефот на иранската нуклеарна програма Али Акбар Салехи ги обвини денеска САД дека се обидуваат да го поткопаат нуклеарниот договор со големите сили од 2015 година, барајќи од Обединетите нации да се спротивстават на „неприфатливите барања“ на Вашингтон.

– Американската администрација има претерано непријателски став, со мерки и политика за поткопување на нуклеарниот договор, кои се во спротивност со духот на спогодбата, изјави Салехи во Виена.

Тој ја критикуваше американската пратеничка при ОН, Ники Хејли дека минатиот месец, за време на преговорите со шефот на Меѓународната организација за атомска енергија (МААЕ) Јукиј Аман, изнела „многу неоправдани, специфични барања“.

Меѓу тие барања било и МААЕ да ги истражи воените подрачја во Иран, што официјален Техеран ги одби.

Министерот за енергетика на САД, Рик Пери на состанокот во Виена истакна дека Вашингтон „нема да прифати лошо спроведена или несоодветно надгледувана работа“.

Меѓутоа, како што истакна Салехи, барањата на Хејли биле многу над договорот.

– Остануваме уверени дека Меѓународната организација за атомска енергија и нејзиниот директор ќе останат имуни на неприфатливите барања, посочи Салехи на годишниот состанок на државите членки на МААЕ.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ