Иран разви прв хиперсоничен балистички проектил

Од:

Иран тврди дека нивните воено-воздухопловни сили ја произвеле првата хиперсонична балистичка ракета способна да навлезе во софистицираните системи за против-воздушна одбрана, за иранските медиуми потврди командантот Амир Али Хаџизадех, пренесе агенцијата Тасним.

Хаџизадех кажа дека балистичката ракета достигнува огромни брзини и може да лета под и над земјината атмосфера.

-Мислам дека до децении нема да се појави технологија што ќе се спротивстави на тоа, рече тој.

Хаџизадех нагласи дека новата ракета е создадена за да ги уништи непријателските противракетни системи. Според него, развојот на таквото оружје е голем скок во производството на ракети.

Хиперсоничните проектили се меѓу најмоќните оружја што постојат. Тие можат да погодат цели на кое било растојание на Земјата во рок од еден час и да ја сменат траекторијата при летот. Во моментов, САД, Русија и Кина имаат такво оружје, а Русија беше единствената што го користеше во борба, а тоа беше во Украина.

Австралија, Индија, Франција, Германија и Јапонија развиваат технологија за хиперсонично оружје, додека Иран, Израел и Јужна Кореја исто така претходно објавија дека таквото оружје е во фаза на истражување и развој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он

Нов стратешки договор меѓу Русија и Иран, договорено е да ги „здружат силите“