Иран Прес: Прекин на огнот – победа за Хезболах и „Оската на отпорот“ против Израел

Од:

Јеменското милитантно движење Хути и палестинските фракции денес го опишаа прекинот на огнот во Либан како победа за либанското милитантно движење Хезболах и „оската на отпорот“ против Израел, велејќи дека израелската армија не успеала да ги постигне своите воени цели.

Политичкото биро на Хутите им честиташе на борците на Хезболах и на либанскиот народ за „историската победа“, велејќи дека таа е резултат на „херојска“ упорност што, според нив, довело до пораз на израелската армија и нејзин неуспех да ги постигне своите цели, објави Иран Прес ТВ.

Во соопштението се додава дека тешките загуби го принудиле непријателот да го прифати прекинот на огнот, велејќи дека тоа е резултат на единството на „оската на отпорот“, која, според нив, ја сочинуваат Палестина, Иран, Либан, Јемен и Ирак.

Палестинското движење Хамас објави дека исламското движење на отпорот во Либан, со воведување прекин на огнот, уште еднаш ја покажа неспособноста на Израел да ги постигне своите цели, додека палестинските комитети за народен отпор го оценија договорот како голема победа за Хезболах и исламскиот отпор.

Во соопштението од палестинските групи се наведува и дека инсистирањето на Иран Либан да биде вклучен во договорот за прекин на огнот покажува високо ниво на солидарност во рамките на „оската на отпорот“, со порака дека нивната позиција останува „цврста и стратешка“.

Исто така, беше нагласено дека акциите на Хезболах на терен го променија балансот на моќта и му оневозможија на непријателот да ги постигне своите цели, принудувајќи ги САД да се свртат кон дипломатски решенија.

Десетдневниот договор за прекин на огнот меѓу Израел и Либан, кој претходно го објави американскиот претседател Доналд Трамп, стапи на сила во четврток во 23:00 часот по централно европско време.

Либанскиот претседател Џозеф Аун го поздрави договорот, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече „историска“ можност за мир.

Би можело да ве интересира

Сафа: Хезболах никогаш нема да се разоружа

Хезболах се заканува на Израел: Го држиме прстот на чкрапалото

Израел: Ја убивме „десната рака“ на водачот на Хезболах

Израел: Убивме повеќе од 40 борци на Хезболах за 24 часа

ВИДЕО: Израелски војници во заседа, oбјавена снимка

Предраг Петровиќ

Хезболах тврди дека ја нападна израелската воздухопловна база во близина на Тел Авив

Горан Наумовски