Најмалку 627 убиени во израелски напади за време на 12-дневниот конфликт

Од:

Најмалку 627 лица се убиени во Иран за време на 12-дневниот конфликт со Израел, објавија денес иранските медиуми, повикувајќи се на Министерството за здравство на земјата.

Исламската Република Иран (IRIB) објави дека најмалку 4.870 лица биле повредени во израелските напади во тој период.

Министерството за здравство на Иран соопшти дека 86 проценти од жртвите починале на местото на нападите.

Иранскиот претседател Масуд Пезизкијан го објави крајот на 12-дневната војна со Израел во вторник вечерта, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прогласи победа.

Би можело да ве интересира

Израел ги повика САД да продолжат со нападите врз Хутите во Јемен

УНИЦЕФ: Едногодишно момче убиено во израелски напад врз клиника во Газа

Хутите извршија масовен воздушен напад врз Израел

Горан Наумовски

Иран депортира над 300.000 авганистански мигранти под сомнение дека се израелски шпиони

Иран не го отстрани збогатениот ураниум од целните локации пред американските напади

22 лица загинаа во израелски напади во Газа