Иран најави безмилосна одмазда за смртта на командантот Али Шадмани

Од:

Командантот на Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ), Али Шадмани, почина денес од повредите здобиени во израелскиот напад, објавија денес иранските медиуми.

Командниот центар на ИРГЦ вети „безмилосна одмазда“ за неговото убиство, според извештаите, објави Ал Џезира.

Генерал-мајор Али Шадмани се сметаше за началник на штабот и воен командант на вооружените сили на земјата во време на војна.

Се вели дека тој бил близок и со врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.

Шадмани беше задолжен за Централната команда Хатам ал-Анби, позната и како воена команда за вонредни ситуации на Иран, само околу четири дена, објави „Тајмс оф Израел“.

Шадмани го замени генерал-мајор Голам Али Рашид, кој беше убиен во првичните израелски напади врз Иран во петокот.

Би можело да ве интересира

Калас: Израелските акции сериозно го загрозуваат примирјето

Израел: Ја убивме „десната рака“ на водачот на Хезболах

Израел: Убивме клучен терорист – дејствуваше под маската на новинар на Ал Џезира

Врховниот лидер на Иран прогласи победа над Америка

Горан Наумовски

Израелските одбранбени сили ќе воспостават нова безбедносна зона во Јужен Либан

Иран: САД мора да изберат дали сакаат војна или мир