(ВИДЕО) Иран лансираше втор бран ракети кон Израел: Нападите одекнуваат низ целата земја, но главната цел е Тел Авив

Од:

По обраќањето на иранскиот лидер Али Хамнеи, врз Израел беа лансирани два ракетни напади со непотврден број од вкупно 200 балистички ракети.

Иранските медиуми наведуваат дека вечервашниот напад е продолжение на операцијата „Искрено ветување 3“, без индикации на кои цели биле насочени.

Според видеата од Израел, поголемиот дел од нападите биле фокусирани на централниот дел од Израел, од кој Тел Авив бил главна цел, каде што биле регистрирани повреди кај цивилите и значителна материјална штета. Израелските одбранбени сили објавија дека нападите биле широко распространети низ целата земја.

Во Тел Авив, објект бил погоден во непосредна близина на зградата на израелското Министерство за одбрана, иако нема информации за штетата предизвикана во таа експлозија.

Паралелно со нападите со балистички ракети, се очекуваат камикази напади од беспилотни летала Шахед-136, кои, според иранските медиуми, биле лансирани против Израел.

Според американските медиуми, американски воен персонал ѝ помогнал на израелската антибалистичка одбрана да ги пресретне иранските балистички ракети што беа лансирани вечерва.

Би можело да ве интересира

Стармер до Трамп: Ова не е наша војна – Велика Британија нема да испраќа трупи во Иран

А1он

САД планираат најризична операција во Иран: Упад на специјалните сили и екстракција на ураниум

Хусеин: Ирак не дозволува неговата територија да се користи за напади врз соседните земји

Над 6.000 повредени во Израел

Иран најави конфискација на имот и можни смртни казни за „странските платеници“

Трамп се заканува со тотално уништување во Иран: Сè ќе експлодира