Претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Галибаф, еден од клучните преговарачи во разговорите меѓу САД и Иран, ги коментираше резултатите од американските меѓуизбори.
Тој ги поврза изборните резултати со растот на трошоците за живот во САД, за кој рече дека е последица на војната со Иран.
„Без разлика дали станува збор за совеста или за трошоците за живот, Американците му рекоа НЕ на војната, а ние ја поддржуваме таа порака“, напиша Галибаф на социјалната мрежа Икс.
Притоа, тој упати и остро предупредување до американските власти.
„Ако американската влада ја изневери волјата на сопствените граѓани за да им служи на меѓународните финансиери и уценувачи, ќе научи дека по нашето НЕ следува кошмар“, порача претседателот на иранскиот парламент.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно призна дека војната со Иран и нејзиното влијание врз цените на енергентите веројатно негативно се одразиле врз изборниот резултат на републиканците.
„Мислам дека историјата ќе покаже дека постапив исправно, но поради тоа имавме прилично непријатна вечер“, изјави Трамп.
