Иран и Сирија треба да исплатат отштета за американските жртви во Израел

Од:

Судијата Рендолф Д. Мос од Окружниот суд во округот Колумбија предсуди дека Американците повредени или убиени при нападите на Палестинците имаат право на отштета од Иран и од Сирија, бидејќи тие земји обезбедиле „материјална поддршка“ на екстремистичката организација Хамас и палестинската група Исламски џихад.

Судот се уште не ја има одредено висината на отштетата.

Сирија, Иран и иранското Министерство за надворешни работи се наведени како обвинети, но не учествуваа во судскиот процес.

Американските судови и претходно и наредуваа на Владата на Иран да исплати стотици милиони долари на семејствата на Американците, кои беа убиени од палестинските екстремисти.но, наплатата не е реализирана бидејќи Иран и САД немаат дипломатски односи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел