Иран: Договот на Бахреин со Израел е „големо предавство на Исламот и Палестинците

Од:

Договорот меѓу Израел и Бахреин е големо предавство на исламот и Палестинците, напиша на Твитер специјалниот советник за меѓународни односи на претседателот на иранскиот Парламент Хосеин Амир-Абдолахијан, реагирајќи на договорот меѓу двете земји за воспоставување дипломатски односи.

– Несовесните лидери во Обединетите Арапски Емирати, не смеат на Бахреин да му трасираат патот до ционистичките шеми. Тие треба да извлечат поуки од историјата. Утре е доцна, напиша на Твитер Амир-Абдолахијан, кој е и поранешен заменик министер за надворешни работи на Иран.

Бахреин денеска ги нормализира односите со Израел, како дел од пошироката дипломатска кампања на американскиот претседател Доналд Трамп и неговата администрација за целосно интегрирање на еврејската држава во Блискиот исток. ј

Би можело да ве интересира

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Иран: Подготвени сме да ја браниме нашата нуклеарна програма

Израел се подготвува да го нападне Иран

Иран со јасна порака до Трамп: Нема преговори

Иран: Не е вистина дека развиваме нуклеарно оружје

Аракчи: Нашето нуклеарно оружје не треба да биде проблем, тоа брзо се решава