Иран: Ајатолахот Моџтаба Хамнеи е жив и здрав – има само површни повреди

Од:

Ајатолахот Моџтаба Хамнеи е жив и здрав – има само површни повреди“

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, претрпел „површни повреди“ на лицето, главата и нозете за време на нападот на американско-израелските сили на 28 февруари, кога беше убиен неговиот татко и претходен ајатолах Али Хамнеи, објави денес иранската новинска агенција ИЛНА.

Според агенцијата, повредите на Моџтаба не биле сериозни, па затоа не му бил потребен посебен третман, ниту пак ситуацијата барала ампутирање на нозете.

„Освен површинските повреди, не се случило ништо значајно, а од моја перспектива како физијатар, немало поголеми повреди што барале посебен третман, освен еден или два конци“, изјави портпаролот на иранското Министерство за здравство, Хосеин Керманпур.

Тој додаде дека Хамнеи бил отпуштен од болница следниот ден.

Претходно, западните медиуми објавија дека Хамнеи претрпел тешки изгореници на лицето, дека му биле извршени три операции на едната нога, како и дека ајатолахот чека да му се направи протетска нога.

Би можело да ве интересира

Пентагон: Над 750 американски војници се ранети во операциите против Иран

Арагчи: „Економскиот Д-ден“ на Трамп ќе заврши со нов пораз за САД

Трамп најавува најразорна економска операција против Иран

ВИДЕО: „Најразорна економска операција“, најави Трамп за Иран и за земјите кои му помагаат

Трамп го присвои Ормутскиот Теснец како американска територија, Иранците одговорија со промена на мапата на САД

Предраг Петровиќ

Четири милијарди долари за Иран преку крипто фирма од Варшава