Ирак побара помош од Јордан во борбата против џихадистите

Од:

Ирачката Влада побара од Јордан помош  во борбата против џихадистите во западната проивинција Анбар.

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади за време на вчерашната посета на Аман со јорданските владини претставници разговарал за борбата против тероризмот и Јордан да им помогне на ирачките сили во ослободување на провинцијата Анбар.

Јордан е втора држава која Ал Абади ја посетува откако стана премиер. НА средбите се разговарало и за транспортот на нафтените деривати преку Јордан односно за изградба на нафтоводот до јорданското пристаниште Акаба на Црвено Море.

Ирачката провинција Анбар граничи со Јордан и со Сирија. Таму борби се водат уште од минатата година, а илјадници луѓе побегнаа во помирните региони на Ирак.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија