Ирачките сили убиле тројца терористи на Исламската држава

Од:

Ирачките безбедносни сили убиле тројца терористи на Исламска држава во утринска рација во северен Ирак, еден ден откако терористите убија 11 ирачки војници, јави агенцијата Анадолија.

– Ирачките сили извршија рација во скривалиште на терористичката организација ИСИС во Самара, северно од провинцијата Саладин, но терористите одбија да се предадат и отворија оган, принудувајќи ги ирачките војници да возвратат, изјави полицискиот капетан Самир ал Шахаби.

Антитерористичката операција следеше еден ден откако 11 ирачки војници беа убиени во напад на терористите на ИСИС на воен пункта во источната провинција Дијала.

Во летото 2014 година ИСИС го окупираше Мосул и соседните региони, а со заедничка операција на ирачките сили, регионот беше ослободен по помалку од четири години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Германската полиција уапси маж осомничен дека е член на ИСИС

Горан Наумовски