Ирачкиот премиер е против арапско учество во воздушните напади врз позиции на ИД

Од:

Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади, изајви во Багдад дека тој е „целосно и категорично“ против тоа, воените авиони на арапските земји да учествуваат во воздушните напади врз позициите на Исламска држава (ИД) на територијата на Ирак.

Во интервју за Би-Би-Си,премиерот Абади рече дека ирачката армија ќе ги порази џихадистите на ИД,само доколку има силна и квалитетна подршка од воздух. Но тој ја отфрли можноста од учество на странски копнени сили кои би им помагале на Ирачаните во нивната борба со џихадистите.

Абади за првпат откри дека испратил специјална делегација во Дамаск за да се „извести соседот„ за ирачкото барање до меѓународната заедница да се бомбардираат позициите на џихадистите на ИД и во Сирија.

Според ирачкиот премиер,тоа е мошне важно и има витално значење за „елиминирање на тероризмот од двете страни на границата“.

Од 8 август кога беше спроведен првиот воздушен напад врз џихадистите,од страна на американскто воено воздухопловство,во Ирак досега се извршени 246 напади.

Бомбардирањата врз сириската територија почнаа на 22 септември и досега имало 77 воздушни напади.

Неколку арапски земји,меѓу кои Саудиска Арабија и Јордан,учествуваат во меѓународната коалиција од 40 земји во нападите врз ИД.

Тие се вклучен нападите врз позициите на џихадистите на сириската територија,но нападите на територијата на Ирак,ги извршуваат само воените авиони на САД,Франција и од скоро и на Велика Британија. Франција вчера соопшти дека ќе испртаи уште три свои борбени авиони кои би се вклучиле во воздушните напади врз џихадистите кои би полетувале од базите во Обединетите Арапски Емирати.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија