Ирачката Влада заседаваше во Ербил во обид да се намалат тензиите

Од:

Ирачката Влада заседаваше вчера во Ербил, главен град на курдската автономна област, во обид да намали тензии меѓу премиерот Нури ал Малики и курдскиот лидер Масуд Барзани.

Багдад и Ербил имаат несогласувања за редица прашања меѓукои и за приходите од нафта и територијални спорови. На средбата според американски медиуми, не е постигната никаква согласност, но Барзани го оквалификува настанот како „важна посета“.

– Тоа е почеток за решавање на сите проблеми, изјави тој на прес конференција заедно со Малики по седницата на министерскиот совет. Малики додаде дека „е неопходна волја за решавање на проблемите“.

Тоа е прва посета на малики во Ербил од ноември 2010 година.

Портпаролот на Малики, Али Мусауи изјави дека се очекува и седница на министерскиот совет и во провинцијата Анбар населена главно со сунити каде од крајот на декември непрекинато има антивладини демонстрации. Тој не прецизира за датум за таа седница.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија