ИОМ: Двоен пораст на мигранти во Македонија

Од:

Во 2013 година бројот на ирегуларните миграциски текови изнесувал околу 1.200 додека во претходната година бил околу 680, што претставува двоен пораст, изјави Соња Божиновска-Петрушевска, раководител на канцеларијата на Меѓународната организација за миграции во Скопје, по денешната „Работилница за судии и јавни обвинители за трговија со луѓе и криумчарење мигранти“, која се одржува по повод Меѓународниот ден на мигрантите, 18 декември.

Таа рече дека е потребна поддршка за обезбедување превод од јазиците на коишто зборуваат овие мигранти, спроведување програми за асистирано доброволно враќање, соодветно адаптирање на прифатните центри, како и натамошно продолжување на соработката во справувањето со ваквите миграциски текови.

Би можело да ве интересира

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто