ОН инсистира да бидат лишени од имунитет вмешаните саудиските претставници

Од:

Високиот комесар за човекови права на ОН Мишел Бачелет денеска побара да бидат лишени од имунитет саудиските претставници, кои можеби се вмешани во исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги по влегувањето во зградата на Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

– Со оглед на сериозноста на ситуацијата околу исчезнувањето на Кашоги сметам дека недопирливоста или имунитетот на засегнатите објекти и официјални лица предвидени со договори како Виенската конвенција од 1963 година за конзуларни односи, треба веднаш да се повлечат, вели Високиот комесар Бачелет во соопштението.

– Меѓународното право ги третира киднапирањата и вонсудските егзекуции како многу сериозни злосторства, а имунитетот не треба да се користи за да се спречи истрагата на настаните, додаде таа.

ОН нема право да одзема имунитет, но земјата-домаќин, во случајот Турција, може да побара од властите на засегнатата држава да се откажат од имунитетот на својот дипломатски претставник во случај на сериозни прекршувања.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија