Инфлацијата и стравот од рецесија ја анулираа заработката на норвешкиот пензиски фонд

Од:

Норвешкиот пензиски фонд денеска соопшти дека за првите шест месеци остварил загуби во инвестициите од 174 милијарди долари, последица на опотоварувањето на акциите предизвикано од стравувањата од глобална рецесија.

Најголемиот пензиски фонд во светот „тежок“ околу 1,3 трилиони долари во периодот од јануари до јуни годинава бележи 14,4-отстотен негативен поврат на инвестициите.

„Пазарот беше обележан со раст на каматните стапки, висока инфлација и војна во Европа. Особено лошо минаа акциите во технологијата со негативен поврат од минус 28 проценти“, изјави извршниот директор на фондот Николај Танген.

Негативни приноси од акциите во првото полугодие се регистрирани во сите сектори, со исклучок на енергетскиот каде е забележан поврат од 13 проценти, поттикнат од растот на цените на енергенсите поради војната во Украина.

Повратот на вложувањата во акции во првото полугодие е минус 17 отсто, а повратот на вложувањата во обврзници минус 9,3 отсто. Фондот бележи и негативен поврат на инвестициите во инфраструктурата за обновливи извори на енергија од минус 13,3 отсто.

Вложувања во недвижности што не котираат на берзата забележале добивка, со принос од 7,1 отсто.

На крајот на јуни, 68,5 отсто од средствата со кои управува фондот се инвестирани во акции, а 28,3 отсто во обврзници. Уделот на инвестиции во недвижности што не котираат на берзата е три проценти, додека учеството инвестиции во инфраструктурата за обновливи извори на енергија е 0,1 отсто.

Фондот е основан во 1996 година со цел да ги инвестира остварените приходите од продажбата на нафта и гас за обезбедување пензии за граѓаните на Норвешка. Во моментов има акции во повеќе од 9.300 компании ширум светот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

Нема да се намалат каматните стапки: Има ризици и покрај забавувањето на инфлацијата, сметаат од НБРМ

Орце Костов

Ковачевски: Буџетот за 2024 година ќе биде 5,5 милијарди евра, Владата ќе потроши 733 милиони за инвестиции

Орце Костов

Во инфлација штедачите поминуваат најлошо, а оние што купиле стан на кредит најдобро, сметаат аналитичарите

Орце Костов

Годинава раст од 1,9 отсто и инфлација од 9,5 отсто

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Економските мерки за заштита на стандардот даваат резултат, инфлацијата се намалува